Општина Гази Баба во целокупната постапка постапуваше согласно Законот за градење и согласно важечкиот детален план за таа локација. Планот беше усвоен на иницијатива на инвеститорот, и согласно него беше издадено одобрение за градба.
Во текот на градбата од страна на градежната инспекција на општина Гази Баба, беше констатирано дека инвеститорот не се придржува согласно одобрението за градба, односно дека има големи отстапувања, кој што според ниедна постапка според Законот за градење не можеше да бидат вклопени во планската документација.
Исто така, можеме да потврдиме дека во моментот според генералниот урбанистички план и според деталниот урбанистички план намената е иста и инвеститорот има важечко одобрение за градба и може да го спороведе откако ке биде завршена постапката од страна на инвеститорот по решението за отстранување на нерегуларностите, односно демантираме дека е извршена пренамена на земјиштето според ГУП и ДУП. Како дополнителен аргумент дека инспекциската служба постапила исправно и согласно законот, се докажува и од страна на самиот инвеститор кој што ни има доставено елаборат за утврдената фактичка изградена состојба со кој што ги потврди наодите констатирани од инспекциската служба.
Уште еднаш сакаме да потврдиме дека во текот на целата постапка општината работеше согласно законот и транспарентно и во целост беа презентирани на медиумите и на јавноста сите детали околу преземените дејствија, за кои беа одржани повеќе прес конференции.