Општина Чашка ќе го преземе управувањето со селските водоводи за безбедно водоснабдување

Од:

Општина Чашка преку ЈКП „Тополка“ ќе започне со преземање на управувањето на селските водоводи во општината најпрво во поголемите, потоа и во помалите населени места, најави Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка.

– Преземањето на управувањето со водоводите ќе значи стручни лица од ЈКП „Тополка“ редовно и правилно да ја хлорираат водата за пиење од селските водоводи, а како резултат на тоа ќе имаме и бактериолошки и хемиски исправна вода за пиење, појасни Стојановски.

Тој потсетува дека квалитетот на водата во селските водоводи континуирано го следат стручни медицински лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, а кои во најголем дел од селските водоводи констатираат бактериолошки и хемиски неисправна вода за пиење, што е опасно по здравјето на месното население.

– Во селскиот водовод во Богомила кој беше во катастрофално лоша состојба поставивме нови хлоринатори и сега состојбата со водата за пиење значително е подобрена. Затоа моја првенствена задача да ги ставам во колосек водоводи во поголемите села: Богомила, Извор, Чашка и да го преземам управувањето со нив. Во село Согле веќе го преземавме водоводниот систем. Воедно по преземањето на овие поголеми селски водоводи планираме да ги преземеме и помалите селски водоводи во селата: Бањица, Владиловци, Нежилово и останатите населени места. Се надевам дека до крајот на мојот мандат сите водоводи во општината ќе ги преземеме и ќе се заложиме да функционираат беспрекорно, најави Стјановски.

Градоначалникот Стојановски појаснува дека месното население во некои села има отпор за предавање на водоводите со кои сега управуваат поединци – нестручни лица кои не вршат правилно и редовно хлорирање на водата. Тоа е опасно по здравјето на населението, бидејќи водата во селските водоводи засега во најголем број случаи и бактериолошки и хемиски е неисправна што го докажуваат анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, а кои редовно го следат квалитетот на водата од селските водоводи.

-Морам да нагласам дека засекг имаме отпор од месното населени во некои села за предавање на старите водоводни системи што се изградени од пред многу децении. Да појаснам доколку ги превземе ЈКП „Тополка“ тоа ќе ги среди и доведе во ред водоводните системи и ќе врши редовно хлорирање на водата. Но жителите како што тоа е регулирано секаде во светот, ќе мора и да стават и броила за вода по куќите и да плаќаат за потрошена вода. Но што е најважно тоа ќе значи дека тие ќе добијат исправна и квалитетна вода за пиење за нивните семејства, потенцира градоначалникот Стојановски.

Би можело да ве интересира

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава

Во Чашка трет ден блокади поради отворање на паралелка на албански јазик

Горан Наумовски

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Горан Наумовски

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Едни протестираа, а со други родители од училиштето во Чашка министерот Шаќири имаше средба

Предраг Петровиќ