Општина Чашка го одбележа 17-от роденден

Од:

Со свечена седница на Советот, крводарителска акција, шаховски турнир и културни содржини, Општина Чашка го одбележа својот 17 роденден.

Градоначалникот, Горанчо Пановски во обраќањето по овој повод ги наведе бројните реализирани проекти за подобар живот на жителите од селата во целата Општина Чашка.

– Отворан е клуб за млади лица во село Извор, бетонирана улица во село Мелница, реконструирана салата во село Извор наменета за учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“, како и за младите и месното население од ова населено место. Исчистено е коритото на Бабуна во село Долно Врановци, подобрување на патната инфраструктура во општината, пробиен е 11 километри пат кој ги поврзува Општините Чашка и Долнени. Санирани се три пешачки мостови од кои еден во село Голозинци и два во село Смиловци. Одбечежани се 40 километри патеки на планинарска инфраструктура на планините Даутица и Јакупица и уште многу други проекти, рече Пановски.

Би можело да ве интересира

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава

Во Чашка трет ден блокади поради отворање на паралелка на албански јазик

Горан Наумовски

Во Чашка зголемени тензиите меѓу полицијата и населението

Горан Наумовски

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Едни протестираа, а со други родители од училиштето во Чашка министерот Шаќири имаше средба

Предраг Петровиќ