Општина Центар: Жителите на Кале ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

Од:

Повеќе од 50 години овде не е ништо направено. И ние сме жители на Центар, а живееме како на почетокот на минатиот век, вака му се пожалија жителите на дел од Кале на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Најголемото незадоволство и реакција е поради тоа што пијат неквалитетна и нечиста вода од стари водоводни цевки. Најмалите имаат здравствени проблеми поради нечистата вода, велат од Општина Центар.

Богдановиќ со својата екипа оствари средба со жителите и им вети дека во вторник, веднаш по Велигденските празници ќе се започне со поставување нова водоводна мрежа а на местата на ископот улиците ќе се асфалтираат.

Сите диво приклучени жители ќе бидат исклучени и регуларно ќе добиваат и плаќаат квалитетна вода. Ќе се решаваат и случаите за легализација, а надлежните во општината ќе водат повеќе грижа за хигиената, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар