Општина Центар: Жерновски ниту предложил, ниту ќе гради споменици

Од:

Залудни се напорите на медиумските курири на ВМРО-ДПМНЕ да ја девалвираат работата и заложбите на градоначалникот Андреј Жерновски. 

Градоначалникот ниту предложил ниту ќе гради споменици во општина Центар. Тоа е уште една лага и извртување на вистината, се со цел добивање на ситни поени за ВМРО-ДПМНЕ. кое целосно ја изгуби поддршката во Центар. 

Вистината е дека по предлог на граѓани, Советот донел одлука за поставување на спомен плочи, односно мали плакети, како спомен обележја, а не споменици како оние кои ги поставува ВМРО-ДПМНЕ за кои се потрошија милиони евра. 

Општината ќе продолжи да инвестира исклучиво во капитални проекти како градинки, училишта и реконструкција на улиците, проекти кои се корисни за граѓаните. Непродуктивните трошоци во гипс и барок се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тие нема да успеат да и ги препишат на локалната власт во Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар