„Општина Центар, ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на булевар „Илинден“ бр. 83.
Оштетената фасада, која не беше реконструирана речиси 60-тина години, од која паѓаше малтерот и цели делови ќе добие нов лик , енергетска ефикасност и пониски сметки за струја.
Оваа зграда со површина од 2 135 м2 е деветтта по ред која ја реконструира општина Центар. Како и за сите досега се задржува автентичниот архитектонски изглед, а боите ќе биде во договор со граѓаните.
Општината за двете изминати години реконструираше девет фасади“, се вели во соопштението на Општина Центар.