Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Од:

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес (7.12.2022), изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“.

При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината.

Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба, во законски предвиден рок.

Доколку истата не биде отстранета, општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и сопственици да ја поседуваат целосната документација при почеток на градба.

Доколку поседуваат решенија за отстранување на нелегални објекти самите да постапуваат по истите.

Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти.

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ