Кратери на коловозот, фекалии и атмосферски води кои се излеваат при секој дожд, вака денес изгледа улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало.
Улицата е со редени камења и не е реконструирана од кога постои ова познато маало. Десетици години наназад градоначалниците само гледаа, ветуваа, но ништо не преземаа- со овие зборови граѓаните му се пожалија на градоначалникот Андреј Жерновски.
Општина Центар почнува со реализација на овој проект и ќе направи комплетна реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата во вкупна должина од 240 метри.
Ќе се изврши целосна замена на постојната конструкција на улицата на која е поставена коцка со асфалт, ќе се направи изработка на нов тампонски слој со дебелина од 30 см на површина од 4100м², врз која ќе бидат поставени два слоја на асфалт со дебелина од 7см и 4см. Улицата ќе има нови рабници во должина од 950м и тротоари од бехатон плочи со вкупна површина од 215м².
Со целосната реконструкција на улицата, како и за подобрување на капацитетите на инфраструктурните мрежи, конечно ќе се влезе во решавање на најголемиот проблем, однодно ќе се изградат атмосферска и фекална мрежа. За реализација на поставената цел, беше потребно да се изработи планска и проектна документација со која се решавааат проблемите за приклучување на овие мрежи на најблиските постојни мрежи кои поседуваат соодветен капацитет. Според техничките решенија издадени од ЈП “Водовод и канализација”, за приклучување се предвидени соодветните приклучни места на територија на Општина Аеродром. За надминување на овој проблем, Општина Центар и Општина Аеродром склучија договор за меѓуопштинска соработка според кој Општина Центар ја презеде обврската да ја финансира изработката на планска и проектна документација и да ја финансира изградбата на фекалната мрежа на територија на Општина Аеродром по улица „Владимир Комаров“.
Ќе се изгради фекална мрежа со пречник од 400 милиметри во должина од 237 метри, фекална мрежа со пречник од 500 милиметри во должина од 70 метри и фекална мрежа на територија на Општина Аеродром со пречник од 600 милиметри во должина од 338 метри.
За подобрување на капацитетите за одводнување на атмосферските води ќе се изгради атмосферска мрежа по улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ со краци по улиците „Велешка“ и „Петричка“ и атмосферска мрежа во должина од 297 метри со пречник од 400 милиметри, атмосферска мрежа во должина од 21 метар со пречник од 500 милиметри и приклучоци со вкупна должина од 160 метри со пречник од 200мм.
Со овие градежни зафати ќе се реализираат планираните инфраструктурни мрежи предвидени со планска документациија, со што конечно ќе се овозможи прифаќање на отпадните фекални и атмосферски води на постојните објекти и идните објекти предвидени за изградба на со Деталниот урабнистички план, се вели во соопштението на Општина Центар.