Општина Центар започнува со акција за отстранување на паркинг блокатори и ослободување на јавни површини

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период започнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини кои се под надлежност на општината.

Во деновите што следат, инспекорите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица кои имаат поставено блокатори за паркинзи на улиците, тротоарите или другите јавни површини.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани и правни лица кои без потребна документација имаат поставено блокатори на јавни површини во најкраток можен рок самите да ги отстранат. Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општинските служби, а на одговорните ќе им бидат изречени глоби и санкции согласно Законот за јавна чистота.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар

Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли

Горан Наумовски

Општина Центар: „Цел Центар на точак“, почнува проектот за субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети

Казни во висина од вкупно 12.500 евра од Општина Центар за градилиштето зад Универзалната сала

Горан Наумовски

Герасимовски откако ја донираше платата: Донирајте за лекување на 9-годишниот Никола

Ана Ололовска

Герасимовски: За еден месец изречени 90 прекршочни казни на Зелено пазарче

Ана Ололовска