Општина Центар започнува со реконструкција на улицата „Капиштец“

Од:

Општина Центар ја започнува комплетната реконструкција на улицата „Капиштец. Оваа улица на Водно, ќе добие лик каков што заслужуваат граѓаните, најави на прес конференција градоначалникот Саша Богдановиќ. Реконструкцијата ќе значи безбедност на учесниците во сообраќајот.

„На улица „Капиштец“ ќе се изгради нова атмосферска канализација во должина од 260м од кои 125м се со пречник Ф300 и 135м со пречник Ф400 во кои ќе се приклучат 8 сливник: Со ова го решаваме големиот проблем со собирање на атмосферските води, кои се приклучуваат на новоизградената атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“. Со овој проект ќе се намали можноста за излевање на поројните води во околните објекти и ќе се овозможи нивно контролирано испуштање во постојната атмосферка инфраструктурна мрежа. На улицата ќе се постави асфалт со дебелина од 4см, нови рабници во должина од 320м со кои ќе се оформат нови тротоари изработени од бетонски префабрикувани елементи со површина од 360м². Но, не застануваме тука. Како што ветивме, ќе ги реконструираме и ќе изградиме инфраструктура на локалитетот Долно Водно, со кој се опфатени, освен улицата „Капиштец“ и улиците „Ганчо Хаџи Панзов“, „Димитар Пандилов“ и „Караорман“, рече градоначалникот.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со терасата на зградата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Богдановиќ рече дека дел од објектите како музеи, споменици, спорната зграда на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од проектот „Скопје 2014“ се дел од истрагите на институциите и обвинителствата.

„Ние затоа се координираме со овие институции и обвинителствата и не постапуваме бидејќи чекаме да завршат истрагите. Станува збор за огромни предмети, знам дека и јавноста очекува да завршат овие процеси, но не може за неколку месеци да се расчисти сетоа она што е правено за 11 години“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар