Општина Центар започна со реконстукција на улицата „Црвена вода“

Од:

Општина Центар на барање на граѓаните, пристапи кон комплетна реконструкција на улицата „Црвена вода“, во населбата Дебар Маало. Станува збор за градежни работи кои опфаќаат поставување на рабници, гребење на стариот и дотраен асфалт и замена со нов, во должина од 150 метри.

Вкупната инвестиција на овој градежен зафат изнесува околу 700.000 денари.

– Општина Центар ги зеде во превид сугестиите и барањата на нејзините граѓани и затоа пристапи кон реконструкција на улицата која ја предложија жителите од населбата Дебар Маало. Мораме да потенцираме дека Општината е сервис на граѓаните и дека се што е проблем во нашиот домен на работата спремни сме да го решиме, велат од општина Центар.

Ги охрабруваме, додаваат, и останатите граѓани доколку имаат идеи во правец на подобрување на функционалноста на Општината слободно да се обратат до надлежните служби.

– Идеите ќе бидат разгледани и доколку постои можност за нивна реализација ќе бидат остварени, потенцираат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан