Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“ во Буњаковец

Од:

Огромните дупки на руинираната улица „Адолф Циборовски“ набргу ќе станат минато, бидејќи ќе се постави нов тампон и нов асфалт.

Општина Центар почнува со комплетна реконструкција на улицата „Адолф Циборовски“ (поранешна улица „Мајка Тереза“). Ќе се постават нови тротоари, при што канделабрите, за да не пречат при движењето на пешаците, ќе се поместат од тротоарите.

Поради поплавување на гаражите при силните дождови, новите сливници ќе ги прифаќаат атомсферските води.

Грдата слика на кабли од кабловските оператори и ЕВН, кои висеа над улицата, ќе биде исто такс минато. Веќе започна постапката за поставување на каблите под земја.

За заштита на животната средина и почист воздух, на улицата ќе бидат засадени 16 нови дрвја.

Реконструкцијата  е договорена на последната средба на градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на улицата „Адолф Циборовски“. Повеќе од 50% од граѓаните собраа потписи со барање за реконструкција на улицата и надминување на опасноста по безбедноста на возилата и пешаците.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски