Општина Центар започна со реконструкција на ул. „Наум Наумовски – Борче“

Од:

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Наум Наумовски – Борче“, со вкупна површина од 1087 м2.

Ударните дупки претставуваа опасност за нормално движење на возилата и за безбедноста во сообраќајот.

Улицата беше во многу лоша состојба, а посебен проблем речиси на сите улици во Дебар Маало е тоа што асфалтот, во претходните мандати, бил поставен врз коцките од макадам, без претходно да се извадат коцките.

За да се добие квалитет во реконструкцијата, коцките се вадат и потоа се поставува асфалт, што дополнително ја отежнува работата, соопштуваат од Општината.

Зафатот опфаќа реконструирање на улицата од кружниот тек во Дебар Маало до булеварот „Илинден“.

Следни улици кои општина Центар ќе ги реконструира во Дебар Маало се “Коле Неделковски“ и “Коста Веселинов“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар