Општина Центар започна со реконструкција на  јавна површина во Градски Ѕид

Од:

„Во рамките на проектот „Работно лето 2015“, општина Центар започна со хортикултурно уредувавање на  просторот во Градски Ѕид, популарното Индијанско маало, делот од Дом на градежници до бул. „Партизански одреди“.

Centar 1

На површина од 4700 м2, предвидено е пејсажно дизајнирање на просторот. Визија е да се направи склоп од идеи за зонирање и урбано заживување на оваа локација, естетско моделирање на зеленилото и делот со урбана опрема за одвивање на активен и пасивен одмор“, соопштуваат од Општина Центар.

Centar 2

„Ќе биде засадено со растенија прилагодени на просторот и климатските услови, лесни за одржување со природна, а не строга обликувана форма. Ќе бидат засадени листопадни и зимзелени дрвја и околу 5000 зимзелени ниски и високи грмушки, кои ќе бидат надополнети со едни од најубавите украсни дрвја, меѓу кои се магнолија и кедера, а ќе гравитира околу три блокови згради, пет кули и помали згради. Ќе биде поставен систем за наводнување со автоматски прскалки и систем капка по капка.

Centar 4

Во рамки на урбаната опрема ќе биде изградено и ново детско игралиште по европски стандарди, со гумен заштитен под, а ќе бидат поставени и парковски клупи и друга урбана опрема“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Centar 5

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек