Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Димитар Пандилов“ на Водно

Од:

Општина Центар по повеќе од 20 години започна со реконструкција на улицата “Димитар Пандилов“.

На прес конференција ова денеска го соопшти градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ.

Стариот коловоз, со вкупна површина од 2825 метри квадратни ќе се замени со нов и ќе се постави нова атмосферска каналзиација во должина од 380 метри.

Застарената водоводна мрежа и цевките ќе се заменат со нови, полиетиленски, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар.

565 метри рабници ќе бидат заменети со нови и тротоарите со површина од 703 метри квадратни ќе бидат целосно реконструирани.

„Со реконструкцијата на оваа улица, продолжуваме со заложбата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Полека, општина Центар почнува да заличува на една модерна, современа, европска општина“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Согласно програмата за реконструкција на уличната инфраструктура, наредни се улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и улицата „Коле Неделковски“.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он