Општина Центар: За максимална транспарентност, продолжени роковите за увид во ДУП-те

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, донесе одлука, рокот за јавниот увид за ДУП-Градска четврт Ј21-локалитет Клинички центар и Геолошки завод и ДУП-Градска четврт 311-локалитет Буњаловец 1 и Буњаковец 2 да го продолжи за уште дополнителни 10 дена.

Согласно член 24, став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, јавната анкета трае 10 работни денови. Анкетата за овие ДУП-а, траеше во законски предвидениот рок од 21.12.2015 до 05.01.2016. година. Единствен неработен ден во овој период беше 01.01.2016-та.

Сега, поради максимална транспарентност во процедурата на носење на плановите, рокот, со одлука на Жерновски, е продолжен и ќе трае до 15.01.2016. Ова се прави за да може што поголем број граѓани да извршат увид, бидејќи Деталните урбанистички планови се носат за нив.

Општината ги известува жителите на Центар дека од 11.01.-до 26.01.2016 година, во просториите на ООУ „Коле Неделковски“, ќе биде изложен ДУП Градска четврт 312-Локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, секој работен ден од 08-16 часот. Јавната презентација ќе се одржи на 20.01.2016 година во 13 часот, во просториите на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории