Општина Центар: Во тек е изработка на новиот ДУП за „Пролет“

Од:

Жителите на населбата „Пролет” имаа средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, како и со стручните служби.

„Жерновски им соопшти дека општина Центар донесе решение за отстранување на дивоизградената перална и дел од урбаната опрема на кафеаната „Лезет“ и дека има отстапка од 110 м2 од дозволеното одобрение за градба.

Жителите на овој дел од Центар се жалат и на бучавата од кафеаната, за што добија ветување дека ќе се изврши мерење и ќе се постапи согласно прописите.

На клучката на булеварот „Никола Карев“ со улицата „Мирче Ацев“, кај основното училиште „11-ти Октомври“, се вози многу брзо, има многу сообраќајни несреќи и загрозена е безбедноста на учениците и на граѓаните. Затоа подолг период бараат поставуање на семафор. Општина Центар неколку пати се обрати до Град Скопје, со цел решавање на овој голем, безбедносен проблем, бидејќи булеварот не е надлежност на општината, но досега нема никаков одговор.

На средбата се разговараше и за новиот Детален Урбанистички План, избрана е фирмата која ќе го изработи и почната е процедурата за планирање, која треба да заврши за дваесеттина дена.

Во ДУП-от ќе биде предвидено приземје + 5 ката + поткровје, со што овој простор ќе стане атрактивен. Инвеститорот, кој ќе биде избран во согласност со граѓаните, ќе треба да стави енергетски-ефикасни фасади, лифтови и да ги смени цевките и инсталациите.

Овие згради во „Пролет“ се изградени 1948 година и затоа ИЗИС треба да изготви соодветен елаборат за надградбите“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски