Општина Центар: Во тек е изградбата на потпорниот ѕид кај градинката „Панорама“ на Водно

Од:

Во тек е изградба на паднатиот потпорен ѕид на градинката “Панорама“ – клон Кочо Рацин.

Ѕидот ќе биде висок 3 метри, долг приближно 40 метри и е изработен од армиран бетон.

Особено внимание се обрнува на квалитетот на материјалот и затоа се гради по сите стандарди. Сето ова е со цел да се избегне опасност од повторно уривање како резултат на лизгањето на земјиштето.

Изградбата ќе заврши во текот на наредниот месец.

Ѕидот позади градинката се урна во текот на летото, паѓајки врз детските реквизити поставени во дворот на градинката, но за среќа без жртви, бидејќи тоа се случи во раните утрински часови, кога немаше деца во дворот.

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ