Општина Центар: ВМРО – ДПМНЕ се обидува со лаги да го оттргне вниманието од резултатите на градоначалникот Жерновски

Од:

ВМРО ДПМНЕ очигледно тешко се носи со работата на градоначалникот Андреј Жерновски и сите реализрани проекти во досегашниот негов мандат. Веројатно најмногу боли реализацијата на еден од најкрупните проекти во последните 40 години, новата градинка „Кочо Рацин“, па се обидува со лаги да го оттргне вниманието, велат од општина Центар.

Градоначалникот Андреј Жерновски никогаш не изјавил дека постоел обид за киднапирање на ученици. Ваквата лага советничката на ВМРО-ДПМНЕ, инаку и самата вработена во ОУ 11 Октомври”, ќе треба да ја докаже на суд, бидејќи тенденциозно лаже и измислува изјави. Единствената причина за овие лаги е желбата на ВМРО ДПМНЕ да раководи со училиштето „11 октомври“, кое на чело со нивниот партиски директор е катастрофално управувано. Ова го знаат сите родители и се едногласни дека директорката која ВМРО ДПМНЕ жолчно ја брани, мора да си оди, додаваат оттаму.

Градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар имаат реализирано близу 50 проекти меѓу кои реконструкција на 15 улици, а дополнителни 5 се во тек; реновирање и интервенции во шест училишта; изградба на 10 паркови; како и обнова на преку 8 фасади на зградите во општина Центар. Колку за информација за „незапознаените“ советници на ВМРО ДПМНЕ, само во моментов има дванаесет активни проекти на кои работи општината. Дел од проектите се реконструкција на тротоари, изградба на паркинзи, реконструкција на градинка, повеќе водоводни и канализациски мрежи итн.

Со овие резултати, очигледно е дека на ВМРО ДПМНЕ не му останува ништо друго, освен неосновано да напаѓа,, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски