Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ се чувствува загрозено од позитивниот рејтинг на Жерновски

Од:

Од Општина Центар писмено реагираа на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која што го обвинија градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски дека не ги исполнил своите ветувања.

„Неоснованите обвинувања кои ВМРО-ДПМНЕ ги искажа на денешниот прес се само реакција на резултатите од последнто истражување за задоволството на граѓаните од работата на локалната власт во општина Центар. Анкетите јасно покажуваат дека 65 отсто од граѓаните на Центар се задоволни од работата на Жерновски. Ваквите бројки се неоспорлив доказ кој се темели на реалноста, за разлика од обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај задоволството од работата на Жерновски, истражувањата покажуваат и дека , 73,5 отсто од граѓаните имаат доверба во локалната власт во Општина Центар, 63,4 проценти сметаат дека состојбата во општината е подобрена за време на мандатот на актуелното раководство, а речиси 58 отсто се задоволни од она што општината го има направено во близината на нивните домови. Јасно е дека овие бројки предизвикуваат страв кај ВРМО-ДПМНЕ но, наместо да губат време на неиздржани обвинувања, време е конечно да станат конструктивен дел од локалната самоуправа, наместо кочничари на нејзината работа.

Граѓаните умеат да го ценат чесниот труд, а нивната искажана доверба се должи на исполнетите ветувања. Андреј Жерновски и општина Центар реализираа бројни, капитални проекти со кои ја оправда довербата на граѓаните. Проекти како изградба на ново училиште и нова градинка во Капиштец, целосна реконструкција на градинките “13 Ноември“ и Панорама и обнова на голем број детски игралишта кои беа оставени во ужасна состојба по владеењето на градоначалникот Тодоровиќ. Воедно, за првпат беа воведени награди и стипендии за учениците и наставниците но, и пакети за социјално загрозените семејства и останата финансиска помош за ранливите групи“ стои во реакцијата од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар