Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ добро знае за кои ДУП-ови не важи мораториумот

Од:

Општина Центар реагира на денешната прес-конференција на Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„И денеска на прес конференција ВМРО- ДПМНЕ преку советникот Васко Робовалиев се обиде преку лаги и дезинформации да наштети на работењето на општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Ја информираме јавноста дека општина Центар по донесување на мораториумот, со кој требаше да се испита кои ДУП – ови се носени на незаконски начин и на штета на граѓаните, има издадено вкупно 21 одобрение за нови градби, од кои шест се за градби во ДУП Градска четврт ЈО7, едно одобрение од ДУП Француски гробишта и едно одобрение од ДУП Дуќанџик.

ВМРО-ДПМНЕ сигурно добро знае дека за овие ДУП-ови не важи мораториумот, но намерно излегува со невистини во јавноста. Оваа одлука се однесува на 31 Детален урбанистички план и неможе да се однесува на управни постапки кои отпочнале пред донесување на одлуката на Советот, односно не се однесува на барања за одобренија за градба поднесени пред 27.12.2017 година.

Сите останати одобренија кои се поднесени преку електронскиот систем на ЗЕЛС се однесуваат на адаптација, пренамена, реконструкција, доградби и надградби и инфраструктурни одобренија за атмосферска , фекална, канализација за улици и одобренија за водоводна мрежа.

Не се точни наводите на прес конференцијата на ДПМНЕ дека Мораториумот е бескорисен, напротив ќе придонесе за похумано живеење во општина Центар и конечно ревидирање на сите ДУП – ови во Центар.“ се вели во реакцијата на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории