Општина Центар: Вештачењето за пропустите на улицата „9-ти Мај“ ќе биде извршено за периодот од 2007-ма до 2009-та година

Од:

Општина Центар изминатиот месец започна со реконструкција на улицата „9-ти Мај“ во населбата Буњаковец, улица со ударни дупки и асфалт, која последен пат е реконструирана во 2009-та година.

При реконструкцијата, од Општината информираат дека увиделе дека дебелината на поставениот слој на асфалтот е само три сантиметри, односно дури три пати помало од она што е предвидено во проектот за последната реконструкција, изработен во 2007-ма година.

Општината Центар известува дека за улицата „9-ти Мај“ веќе е отпочната постапката за вештачењето на фактичката состојба на улицата во изминатите 11 години.

„Вештачењето ќе се изврши врз парчињата асфалт извадени од самата улица и од постоечката документација за улицата. Сакам да напоменам дека ќе ја ограничиме истражната постапката на периодот од 2007-мата до 2009-тата година“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Ова ограничување на постапката, додаде Богдановиќ, е со цел да избегнеме ширење на шпекулации со имиња и одговорност, со единствена цел – да добиеме непристрасна и објективна постапка, која подоцна ќе послужи како основа за понатамошни активности кои општината ќе ги преземе за утврдување на одговорноста во досегашната состојба со улицата „9-ти Мај“.

Општина Центар периодов е активна со реконструкција на повеќе улици на нејзина територија, меѓу кои е и улицата „9-ти Мај“, каде стариот асфалт веќе се заменува со нов, со дебелина од 9 сантиметри, а ќе се изведат нови тротари и улицата ќе добие нова урбана опрема и зеленило, велат во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски