Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Од:

Општина Центар соопшти дека во текот на ноќта биле уништени реквизити во новата и се уште недовршена теретана во Паркот на франкофонијата, а штета е направена и на фудбалското игралиште во овој парк. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

-Вандализирана е новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија. Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено. Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле. Случајот е пријавен во МВР, информира Општината.

Општината посочува дека новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требало да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.

Би можело да ве интересира

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ