Општина Центар утре ќе ја затвори за сообраќај „Боемска 2“

Од:

Општина Центар, заедно со 1.500 градови во светот се приклучува и го поддржува „Светскиот ден без автомобили“.

„По тој повод, утре 22 септември, од 10-24 часот општина Центар ќе ја затвори улицата „Боемска 2“ за сообраќај со цел децата да можат да играат слободно и безбедно на улицата, а улицата ќе биде отворена за различни активности.

Центарци и сите добронамерници ќе може да уживаат во убавата атмосфера и звуците на страроградската музика“, се вели во соопштението на Општината.

Општина Центар, како урбана општина се залага за стимулирање на здрави навики кај сите граѓани и за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар