Општина Центар: Улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ ќе добие нова канализациона мрежа, асфалт и тротоари

Од:

„Општина Центар ја прифаќа забелешката од денешното соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Центар, иако не наведуваат дека фотографиите и текстот за водата на раскопана улица се однесуваат само за Маџир Маало. Потсетуваме дека се работи за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ за која има поделена надлежност меѓу општина Центар и општина Аеродром.

Претходниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај многуте барања и укажувања не ја даваше согласноста да почне комплетната реконструкција на улицата. Поради намерното кочење од ВМРО-ДПМНЕ, улицата во Маџир Маало е во оваа состојба.

По смената на власта, добиена е согласноста од општина Аеродром и завршени се сите подготовки за да почне реконструкцијата.

Во понеделник градоначалникот Саша Богдановиќ, на прес конференција ќе ги објави деталите и плановите за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ која по 50 години ќе добие нова канализациона мрежа, асфалт и тротоари“ се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он