Општина Центар: Улица на Кејот нема да има

Од:

Овластениот инспектор на Општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, утринава пристигна на градилиштето на Кеј, на кое повторно, во раните утрински часови, пред празник почна да се работи.

Инспекторот констатираше низа неправилности и недостатоци: неоградено градилиште, отсуство на информативна табла и други нерегуларности.

И покрај инсистирањето на инспекторот градежните работи веднаш да запрат, изведувачот одбил да запре со работа и продолжил со градење.

Изведувачот на работите повотрно приложил одобрениие за градба издадено од Град Скопје и не сакал да прекине со работа додека не добие решение за запирање на граадбата. Инспекцијата на општината во моментов изработува записник од контролата и во најбрз рок ќе се издаде решение за запирање на работите, по што изведувачот ќе мора да ја врати улицата во првобитната состојба.

„Ова претставува грубо кршење на одлуките на општина Центар и јасна политичка провокација со цел дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и насилствата во Собранието.

Пред само неколку недели беше променет и ДУП-от со кој се избриша улицата која претходното раководство на Центар ја имаше впишано. Општина Центар бара од Град Скопје да ја поништи дозволата за градба и да се прекинат сите активности кои се спротивни на законот и волјата на граѓаните.

Улица на Кејот нема да има, ваквите постапки предизвикуваат дополнителен револт и конфликт и се грубо кршење на законските одлуки за запирање на изградбата“ велат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради