Општина Центар: Трикратно зголемен бројот на легализирани објекти

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска додели 30 решенија за легализација на дивоградби.

„По седумгодишна голгота, конечно сме свои на своето. Ова за нас е многу значаен ден“, велат жителите на Центар, кои денеска дојдоа да ги подигнат решенијата за легализација.

Со ова се реши голем и долгогодишен проблем на жителите на Центар.

„На почетокот наметнавме сериозно темпо. За две години, до мај 2013-та беа изготвени и доделени 724 решенија за легализација. Од мај 2013-та до мај 2015-та решен е проблемот со легализација на 2006 граѓани. Значи, за во истиот период решени се три пати повеќе случаи за легализација. Ова го кажувам не за да се пофалиме, туку за да покажеме дека продолжуваме посветено да работиме на ова“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Граѓаните се задоволни од ефикасното и ефектно решавање на нивните случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар