Општина Центар со најголем број реализирани капитални инвестиции по жител во Скопје

Од:

„Општина Центар е прва скопска општина според реализирани капитални инвестиции по жител.
Ова го докажува најновата анализа на интернет страницата „Призма” на БИРН Македонија, наменета за промоција и јакнење на истражувачкото новинарство.

Во изминатиов период посветено работевме на решавање на проблемите на граѓаните и задоволување на нивните потреби.

Токму затоа и според ова истражување Општина Центар во текот на мандатот од четири години има реализирано најмногу капитални инвестиции по жител од сите останати скопски општини и тоа со 0 денари поддршка од централната власт.

Ако се анализираат завршните сметки, произлегува дека најмногу пари во инфраструктурата инвестирале Град Скопје со 73,5 милиони евра, Центар 22,6 милиони евра, Битола 14,2 милиони евра, Карпош 12,8 милиони евра и Струмица 12,1 милион евра.

Овие податоци ја потврдуваат посветеноста на работата на општина Центар. Во изминативе четири години посветено работевме на потребите на граѓаните. Градиме ново и модерно општинско училиште по цели 47 години, а по 42 години изградивме нова современа градинка. Изведовме сериозни инфраструктурни зафати, изградивме 4 нови сквера, и обновивме фасади на 13 згради.

Имавме продуктивни и исполнети четири години. Општина Центар е горда за сработеното и е благодарна за континуираната поддршка од граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски