Општина Центар со иницијатива за измена на Законот за градежно земјиште: Наместо со 30% сопственост, со 70% да може да се дооформува земјиште

Од:

На вчерашната 12-та седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, градоначалникот Горан Герасимовски до советниците поднесе предлог иницијатива за измена и дополнување на постоечкиот Закон за градежно земјиште.

„Општина Центар преку анализа на законското решение, а во рамките на овластувањата со што врши работи за располагање со градежното земјиште, до Министерството за транспорт и врски ќе ја поднесе Иницијативата за измена и дополнување на член 15 став 4 алинеја 3, член 51 став 1 алинеја 15, член 68 став 1, алинеја 3, член 68 став 3 и член 70 став 2 и 3 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19).

Со постоечкиот Закон за градежно земјиште предвидено е лицето кое има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела, градежното земјиште во сопственост на РСМ да може да го отуѓи со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација. Исто така, законот предвидува градежното земјиште сопственост на РСМ да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Ова се однесува и за градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.

Општина Центар смета дека со постоечкото законско решение, во делот кога градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува за оформување на градежна парцела, земјиштето сопственост на РСМ не е во целост заштитено. Односно истото е расцепкано поради што не може да биде предмет за реализација на капитален проект или друг објект од јавен интерес“, соопштувa Општинa Центар.

„Со иницијативата се предложува соодносот за оформување на градежна парцела да се смени и наместо сегашните 30% од градежната парцела кои лицето подносител ги има во сопственост, да се изменат во 70%, односно можност за откуп на градежна парцела да имаат само оние лица кои ќе поседуваат сопственост од минимум 70% од градежната парцела.

Исто така, со иницијативата се предложува наместо да може градежното земјиште, сопственост на РСМ, да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Ова се однесува за градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот, да се ограничи и да може да се откупи само делот кој се наоѓа под објектот, а не и градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела. Лицата кои на своите парцели имаат изграден или поставен објект ќе може да го откупат само земјиштето под објектот но не и целата градежна парцела.

Овој чекор се прави затоа што со важечкото законско решение се овозможува сопствениците на објекти со мала површина да можат да ја откупат и целата градежна парцела, иако не го исполнуваат пропишаниот законски процент од 30% за сопственост на парцелата.

По изгласувањето на иницијативата, Општина Центар овој предлог ќе го достави до ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, каде ќе биде разгледана и ќе се постапува по истата. Со оваа иницијатива, општината го заштитува државното неизградено земјиште, го заштитува јавниот простор и ги заштитува жителите на општината“, се додава во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата