Општина Центар: Што чуваат специјалците кај хотел „Бристол“?

Од:

Граѓани од околните згради до градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски испратија фотографија од градежниот ископ спроти Хотел Бристол.

На фотографијата се гледа јасно дефиниран кружен отвор полн со вода.

Според информациите на граѓаните, а сликата упатува на тоа, се работи за излез од евакуационен ходник од Собранието на Република Македонија.

centar-dupka-strelka

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски го праша министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дали пред почетокот на градежните работи минстерството и тој самиот имале сознанија дека тука постои ваков подземен објект.

– Ја прашуваме министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска доколку постоеле такви сознанија, дали тоа беше причината непосредно пред отпочнувањето на градежните работи да испрати цела армија на специјалци? Овој простор како ниеден друг градежен објект сеуште е обезбеден со полицајците од специјалните сили.  Што сакаат да сокријат со засиленото полициско обезбедување?, праша Жерновски.

Како што напомена Жерновски,  пред 10-тина дена како градоначалник на општината, упатил отворено писмо до министерката Јанкуловска со прашање зошто центарот на Скопје се наоѓа под полициска опсада. Градоначалникот на Центар вели дека до денеска нема добиено никаков одговор од министерката за внатрешни работи.

 

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец