Општина Центар стана дел од платформата „Smart CIty“ на Град Скопје

Од:

На последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласа и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град)

– На предлог на градоначалникот на Саша Богдановиќ, советниците изгласаа Центар да се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола, велат од општина Центар.

Како што се вели во соопштението, преку т.н. паметни столбови, ќе се обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување ќе се придонесе кон носењето на подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите.

Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата Smart City ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021-ва, 2022-ра и 2023-та година.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата