Директорките на седумте основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Центар денеска беа на работна средба кај градоначалникот на општината, Андреј Жерновски.
Навреме се прават подготовките за новата учебна година.
На средбата е укажано дека првачињата се запишуваат во месец мај. Тогаш во училиштата во општина Центар се запишаа поголем број на ученици во однос на минатата година. Проблем е што голем број родители не успеале да ги запишат децета во законскиот рок, а сепак, територијално пришаѓаат на општина Центар.
Затоа општината, за да може нормално да започне новата учебна година, и да не се одбиваат деца, бара од Министерството за образование и наука средства за по еден одделенски наставник за прво одделение во ОУ Димитар Миладинов и Гоце Делчев и двајца одделенски наставници во прво одделение во Ј.Х.Песталоци.
Во спротивно, предупредуваат од општина Центар голем дел првооделенци ќе останат незапишани.