Општина Центар: Рекордни 12 милиони и 150 илјади денари одвоени за реконструкција и одржување на зеленилото

Од:

Привршуваат подготовките за започнување на акцијата “„ За Зелен Центар“. До сега рекордни 12 милиони и 150 илјади денари општина Центар одвои за реконструкција и одржување на зеленилото.

Ќе се садат оформени дрвја и на повеќе локации ќе се засадат 5.000 садници. Како резултат на градењето врз зелени површини во рамките на проектот „Скопје 2014“, во Мал ринг во Центар во 2013 година, зеленилото е намалено за 50%, соопштуваат од Општина Центар.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, вчера присуствуваа на засадување на 16 висококвалитетни садници од видот јавор пред објектот на „Македонска пошта“.

Во завршна фаза се подготовките во Општина Центар за изградба на парк во Капиштец, кој ќе биде сместен од делот кај Зебра до Беверли Хилс и ќе биде хортикултурно и партерно уреден и со ново осветлување.

Нов парк е предвиден кај Зелен пазар, ќе се обновува зелената површина во Буњаковец позади Универзална сала, ќе се реконструираат жардиниерите и исушените дрвја на Сквер Јадран и ќе се изврши реконструкција на дел од Паркот Франкофонија.

Ќе се продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување.

Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и реновирање на Урбан парк, кој е целосно запуштен.

Зазеленувањето на Општина Центар ќе придонесе за зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа и на квалитетот на животот и за заштита на животната средина, соопштуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар