Општина Центар реконструира две нови фасади на булевар „Климент Охридски“

Од:

Општина Центар ги реконструра фасадите на зградите „Климент Охридски“ 13, со површина од 2179 метри квадратни и „Климент Охридски“ 13а, со површина од 1525 метри квадратни.

Изградени на значајна сообраќајница во 50-те години од минатиот век , нивниот руиниран изглед почна да го нагрдува изгледот на просторот.

Како и на сите досегашни реконструкции на зградите, општина Центар става енергетско ефикасни фасади околу целата зграда, а не само на предниот дел. Како што е веќе практика, ќе биде задржан автентичниот изглед, а боите ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

fasada 1

Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Истотака, ќе се заменат и окапниците и олуците.

Ова се 11-та и 12-та зграда по ред кои ги реконструира општина Центар и се дел од акцијата  “Нова пролет, нова офанзива!”.

Следна зграда која ќе добие нова енергетска фасада е зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7, во населба Пролет.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски