Општина Центар: Реакција на написот на наводната оргнизација „Центар сака да дише“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивни организации пласира лаги за градбите во Центар и Дебар Маало. Граѓаните треба да ја знаат виситната и да не наседнуваат на лажните здруженија на ВМРО ДПМНЕ и нивните лаги.

Актуелното раководство на општината стави мораториум на на ДУП-от за Дебар Маало и нема впишано ниту една градба откако е на власт.

Зградите кои се градат се предвидени со ДУП-от кој го донесе нивниот градоначалник Тодоровиќ и го гласаа нивните советници, често и во ноќните саати. Сите градби се одобрени во време на власта на ВМРО ДПМНЕ и ова соопштение наводната невладина оганизација треба да го испрати на адреса на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот Андреј Жерновски, како што и вети, во изминатите години се бореше и ќе продолжи да се бори против градежната мафија на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните добро паметат кој ги организираше нападите и демолирањето на општината и за какви цели и кој насилно носеше ДУП-ови со цел да се приграбат парцели на Водно, да се изгради десеткатница на Водно.

Градоначалникот Жерновски спречи изградба на неколку катна општинска зграда и огромен објект во Градскиот парк, како што замисли ВМРО-ДПМНЕ.

Општината ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да инвестира во зеленило и здрава животна средина“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски