Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица од општината за проектот „Образование за сите“

Од:

Во тек е јавниот повик на Општина Центар за ангажирање невработени лица во проектот „Образование за сите“.

Од општината појаснуваат дека со проектот ќе се ангажираат невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2021/2022 година.

-Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“, ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, во период од шест месеци, почнувајќи од 1-ви декември, до крајот на учебната 2021/2022 година, односно заклучно со 31-ви мај 2022 година, информираат од општина Центар.

Кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во проектот ќе добиваат паричен надомест од 12.000 денари нето износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

-Сите евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; самохрани родители или родители на деца со пречки во развојот, велат од единицата на локалната самоуправа.

Повеќе информации околу постапката за аплицирање, условите и начинот за апликација, заинтересираните граѓани можат да најдат на објавата на општинската веб страна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар