Општина Центар: Работнички Консалтинг ја отстранува нелегалната градба во Градски парк

Од:

Инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје почна со извршување на решението на овластениот градежен инспектор на општина Центар за отстранување на неговата градба во Градскиот парк за која не поседува решение согласно Законот за градење и започна со отстранување на градбата, информираат од општина Центар.

Нагласуваат дека овластен градежен инспектор по извршениот увид изготви решение со кое на инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје, му наложи во рок од три дена да ја отстрани градбата во Градски парк која не е согласно прописите од Законот за градење.

– Инвеститорот пристапи кон отстранување на шанк со челична натстрешница со димензии пет на 13 метри, челична платформа со димензии два на пет метри, дрвена настрешница со димензии пет на 12 метри, базен со димензии пет на четири метри, ограда со челични профили обложена со дрво со должина триесетина метри и влез од челична конструкција со димензии два на четри метри во Градски парк, велат од општина Центар.

Најавуваат дека наскоро ќе извршат контролен инспекциски надзор за да видат дали инвеститорот постапува по решението издадено од овластен градежен инспектор.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски