Општина Центар и ПС Центар: Заштитете го домот од кражби

Од:

Општина Центар и Полициската станица Центар втора година по ред го реализираат проектот „Превенција од имотни деликти – кражби во куќи и станови и кражби на возила“.

Денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ со претставници на Полициската станица Центар делеа известувања со едукативна содржина.

„Сакам да апелирам до граѓаните да внимаваат и да го заштитат својот дом од кражби со придржување на основните безбедносни совети“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар и ПС Центар предупредуваат вратите и прозорците на становите да бидат затворени, да не се дозволува непознато лице да влегува во нечиј дом, да се чуваат вредните предмети на сигурно место и да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар