Општина Центар продолжува со преземање мерки против гласната музика од кафулињата

Од:

Оштина Центар продолжува со инспекциски контроли на јачината на музиката во кафулињата на територија на општината. Граѓаните се почесто пријавуваат дека музиката која доаѓа од кафулињата „ечи“ и им го нарушува сонот и мирот.

Општината ги повикува граѓаните да се вклучат и помогнат во решавањето на овој горлив проблем така што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и преземат соодветни мерки.

„Како резултат на пријавувањата на граѓаните, минатиот викенд во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава.

На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ им се изречени казни и општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните против нив ќе се поднесат прекршочни пријави“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар