Општина Центар продолжува со борбата против загадувањето на воздухот и животната средина

Од:

Во рамки на интервентните мерки против загадувањето градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги стопираше сите градежни активности на градилиштата под општинска надлежност.

„Во текот на изминатите денови е извршена вонредна контрола на вкупно 14 отворени градилишта, 10 сервиси за поправки на возила, во однос на управување со отпадните масла, гуми и начинот на греење и 7 автоперални. Дополнително, отворено е прифатилиште за бездомници во ЈП ПОЦ, а функционален е и општинскиот сервис за стари лица“, изјави градоначалникот Богдановиќ на вчерашната 4-та вонредна седница на Советот на Општина Центар.

Општината спроведува мерки за заштита на животната средина во текот на целата година. Така, склучен е договор за соработка и собирање на отпад со Нула отпад од Скопје. Како резултат од оваа соработка, во последните 3 години се собрани околу 40 тони отпад, кои инаку ќе завршеа во контејнерите или во неорганизираните депонии.

Општина Центар, на предлог на градоначалникот Богдановиќ, ја стопираше реализацијата на сите досега донесени Детални урбанистички планови (ДУП), а за време на мораториумот за градба се врши ревизија на сите планови.

Главните цели на оваа одлука се да се воспостави рационално уредување, да се создадат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина и вклучување на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар