Општина Центар продолжува со борбата против бучавата

Од:

„По налог на Општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе баровите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“.

Кај овие 3 локали констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница.

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.

На пријава од граѓани, овластен инспектор од Општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината.

Општина Центар и градоначалникот Жерновски повторуваат дека нема да дозволат загрозување на мирот на жителите и ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите.

Затоа уште еднаш ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски