Општина Центар: Претходниот градоначалник и советот ги испратија „Томче Софка“ и „Ања“ во историјата

Од:

„Актуелното раководство  на општина Центар не ги испрати култните кафеани „Томче Софка“ и „Ања“, како што „добронамерно“ напишаа некои „независни“ медиуми и се коментираше по социјалните мрежи.

„Нови станбено-деловни и образовни објекти ќе никнат во Градски парк. Зградите ќе се градат на местото на добро познатите скопски кафеани лоцирани во паркот, „Томче Софка“ и поранешна „Ања“. На местото на овие угостителски објекти кои се една од омилените дестинации на граѓаните за кафе-шема, особено за викендите, ќе се дигнат повеќекатници и тоа еден станбено-деловен објект, објект со намена образование и една станбена зграда,“ пишува „Вечер“.

Весникот „Вечер“ само требаше да го отвори  сајтот на општината, кој што е транспарентен и достапен за граѓаните, и ќе видеа дека  ДУП-от Дебар Маало 2 е донесен на 28.12.2009 година и објавен во Службен гласник 13/2009, за време на претходниот градоначалник и поранешниот состав на Советот.  Во превод, токму тие  одлучиле познатите скопски сврталишта да ги испратат во историјата.

Доколку имотно-правните односи се чисти, никој не може да ја спречи реализацијата. Но, сакаме да ја информираме јавноста дека  досега никој  нема поднесено барање за градење.

Општината, со доаѓањето на новото раководство,  работи законито и во интерес на граѓаните. Во постапка е носење на нови планови кои треба да ги усогласат границите на градските четврти со новиот план на Град Скопје, но, актуелната легислатива не дава можност за драстично менување на намената на плановите. Секако,  ќе сториме се што е во интерес на зачувување на паркот и зеленилото“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории