Општина Центар поведе судска постапка за утврдување на раскинување на договорите со Графички центар ДОО Скопје

Од:

Во месец јуни оваа година, Општина Центар, преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија, поведе судска постапка за утврдување на раскинување на Договори за отуѓување на градежно земјиште со јавно наддавање со бр. 20-11743 и 20-11744, склучени на 10.12.2013 година, известуваат од Општината.

„Се работи за склучени договори помеѓу Министерството за транспорт и врски, како отуѓувач и Трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство – Графички центар Доо Скопје, како купувач.

По преземање на предметите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Општина Центар утврдено е дека е отворена стечајна постапка над купувачот Графички центар Доо Скопје и следствено на тоа, поведена е судска постапка за утврдување на раскинување на договорите, кадешто по едниот и другиот договор, требало да биде изграден објект со намена В3 – култура во Општина Центар, согласно извод од ДУП Тетовска трошарина, донесен со одлука 07-8460/4 на 13.11.2012 година“, се вели во соопштението на Центар.

„Како Општина Центар предлагаме и јас како нејзин градоначалник, апелирам прекин на извршната постапка, односно не преземање на извршни дејствија од страна на надлежниот извршител, до целосно завршување на судските постапки, како не би ги загрозиле имотните права и интереси на Република Северна Македонија“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Согласно последните проверки во судот, Општина Центар е известена дека тужбата е проследена до тужениот и се чека да се закаже рочиште по наведениот предмет.

„Очекувам позитивен исход од постапките, кои ќе бидат во интерес на жителите на Општина Центар и граѓаните во Македонија“, изјави Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски