Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со НЕКСУС – Граѓански Концепт

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и Афродита Муслиу, претседател на НЕКСУС – Граѓански Концепт потпишаа Меморандум за соработка.Преку електронската платформа prijavi.mk / raporto.mk за пријавите на граѓаните ќе се подобрат јавните услуги кои се во надлежност на општината.

Електронската платформа prijavi.mk / raporto.mk ќе биде во вид на донација, со цел да се овозможи ангажирање на граѓаните на Центар во подобрување на јавните услуги во нивните населби.Ќе се воспостави конструктивна комуникација и ангажман со цел решавање на пријавите и жалбите на поднесени преку оваа платформа а граѓаните ќе бидат информирани за состојбата околу превземените активности по нивните пријави и жалби поднесени преку платформата.

НЕКСУС се обврзува да ја изгради, промовира и одржува платформата на политичко непристрасен начин, која ќе им послужи како медиум на граѓаните на Центар каде ќе ги пријавуваат проблемите со јавните услуги во нивните населби ќе ги информира општинските службеници на непосреден и соодветен начин за пријавите на граѓаните во рамки на платформата. Ќе овозможи дигитална карта на општина Центар која ќе ги прецизира пријавите и жалби и точната локација на оваа дигитална карта.

Општината Центар ќе вложи напори за навремено решавање на пријавите и жалбите од граѓаните, според временските и буџетските можности, ќе ги стави на располагање општинските ресурси со кои располага, со цел да одговори на барањата на администраторот на платформата, за состојбата со поднесените пријави и жалби преку платформата, ќе определи општински службеник за прием и процесиурање на пријавите кон релевантната јавна установа, и воедно да одржува контакт со НЕСКУС – Граѓански Концепт за реализирање на оваа иницијатива;

НЕКСУС – Граѓански Концепт, со потпишувањето на меморандумот за соработка ја дава платформата на користење на Општината во вид на донација, со цел да се овозможи поддршка на Општина Центар во спроведување на активностите за подобрување на јавните услуги кон граѓаните во нивните населби.
Платформата е дел од Проектот „Граѓаните за општината: Работиме заедно за транспарентност и одговорност“, имплементиран од НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје.

Општина Центар и НЕКСУС – Граѓански Концепт, се договорија да одржуваат меѓусебен конструктивен однос за време на соработката и да се почитува независноста и политичката непристрасност на НЕКСУС – Граѓански Концепт како невладина организација.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории