Општина Центар поставува заштитни нано филтри на сите прозорци во детските градинки

Од:

Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од врвните приоритети во работата на Општина Центар и на градоначалникот Горан Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината, известуваат оттаму.

„Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, на прозорците на објектот „Наум Наумовски Борче“ од истата градинка, а во текот на наредните денови исти такви филтри ќе се постават и на останатите 9 објејкти на општинските детски градинки“, соопшти Општина Центар.

„Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период. Со поставувањето на филтрите во голема мера се намалува изложеноста на децата на ПМ 10, ПМ 5 и ПМ 2,5 честичките, воедно спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките.

Нано филтрите се изработени од еколошки и биоразградливи материјали, не нанесуваат штета на здравјето на децата и вработените и не ја загадуваат животната средина“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата