Општина Центар поставува лифт за храна во градинката „Кочо Рацин“, објект Н.Н. Борче

Од:

Општина Центар продолжува со континуирана грижа и подобрување на условите за најмладите во градинките за сместување, престој, едукација и забава на децата.

„Во градинката „Кочо Рацин“, објектот Н.Н.Борче, позади Универзална сала започнавме со поставување на нов лифт за транспорт на храна. Со овој зафат храната ќе се пренесува безбедно, во согласност со ХАСАП системот. Со ова квалитетот на храната и хигиената за најмладите ќе бидат на маскимално безбедно ниво.

Како што стои во програмата на градоначалникот, Саша Богдановиќ, во сите детски установи за згрижување на деца ќе се изврши неопходната реконструкција, а во населбата Пролет за прв пат ќе изградиме прва градинка на оваа територија“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски