Општина Центар: Полесно до велосипед!

Од:

За поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до велосипед!

Општина Центар од 02.06.2014 ја спроведува Одлуката за субвенција од 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед започнувајќи од 2-ри јуни, потребно е да ги достави следниве документи:

–       Барање за субвенционирање за купен велосипед,

–       Копија од лична карта,

–       Копија од трансакциска сметка,

–       Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака 6, почнувајќи од денот на влегување во сила на Одлуката за субвенционирање на граѓаните на Општина Центар при купување на велосипед, односно од 02.06.2014 година. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За првите 5 кои ќе поднесат барање, следува пригоден подарок.

За сите дополнителни информации, граѓаните ќе се обраќаат кај координаторот на проектот, Весна Николовска (барака шест).

Телефон за контакт 3203-663 и 070 214-867.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните