Општина Центар по 50 години ја реконструира улицата „Бигла“ на Водно

Од:

По речиси 50 години, жителите на улицата „Бигла“ на Водно нема да живеат во кал и прашина, информираат од Општина Центар. Општината ја започнува реконструкцијата на улицата која на места немаше асфалт, а беше полна со ударни дупки кои претставуваа опасност за движење на граѓаните и возилата.

„Каблите на операторите висеа на улицата и им пречеа на жителите. Тие пред една година имаа средба со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, и со неговите соработници. Тогаш беа изненадени од посетата бидејќи рекоа дека 37 години никој не дошол да ги види и да праша како живеат. Вистински куриозитет претставува фактот дека последен пат улицата била уредена при посетата на Тито.

На средбата беше договорено да се асфалтира улицата и тоа ќе беше завршено за два месеци, но подоцна се направи дополнителен договор со граѓаните да се постави и нова водоводна мрежа.
Улицата “Бигла“, која се наоѓа спроти Клиничкиот центар, ќе добие нов водовод, асфалтиран коловоз со површина од 520 м, реконструирано осветлување, а каблите на операторите ќе бидат спуштени под земја. Со ова, повеќедеценискиот проблем на жителите на “Бигла“ ќе биде надминат.

Ова е деветта улица на Водно, која што актуелното општинско раководство ја реконструира. Завршена е обновата на првиот дел од “Питу Гули“, а во тек е реконструкцијата на вториот дел, која опфаќа нова атмосферска и водоводна мрежа и нови тротоари и коловоз.

На улицата “Тасино Чешмиче“ беше поставен асфалт, на “Новопроектирана 4“ асфалт и атмосферска канализација, на улицата “Партениј Зографски“ асфалтиран коловоз и тротоари, а оштетената улица “Ѓорги Скрижевски“ доби нов коловоз. На улицата “Христо Чернопеев“ сега жителите се задоволни бидејќи има нова водоводна и атмосферска мрежа, асфалтирана улица и тротоари и потпорни ѕидови. Улицата “Загребска“ доби нов асфалт и тротоари и на падините на Водно пробиена е улицата “Новопроектирана 2“, известија од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски