Општина Центар: По 10 години решен сериозен проблем на дел од жителите на Водно

Од:

„Завршија маките на  дел од жителите на улицата Славејко Арсов на Водно. Општина Центар го реши едно од најпроблематичните места на овој дел од општината. Никој од претходните општински раководства не се справи и не изгради фекална и атмосферска канализација, иако по улицата и во дворовите на соседните објекти се излеваше фекална канализација. А додатен проблем беше градежната експанзија“, соопштуваат од Општина Центар.

centarvodnoul (3)

„По десет години за прв пат овој состав на општинското раководство на направи фекална и атмосферска канализација, асфалтирани се 300 метри на новопроектирана 4, крак на Славејко Арсов,  асфалтирани се тротоарите и поставени се нови канделабри“, велат од Општината.

centarvodnoul (4)

„Но, ние не завршуваме тука, ќе ги решиме сите проблеми на жителите. Овој потфат, кој е исклучително значаен за граѓаните чини 130.000 илјади евра, сума која покажува дека се водеше сметка и домакинскин се работеше.  Два цели мандати моите претходници не собраа сили да го решат овој сериозен проблем кој им го загорчиваше животот на жителите на овој дел на Водно“, рече градоначалникот Андреј Жерновски, кој заедно со советниците и вработените денеска, го посетија  овој дел на општина Центар.

centarvodnoul (5)

Поради опасноста од одроните изградени се два потпорни ѕида, а се гради уште еден. Едниот е во детската градинка Панорама, а другите два долж улицата.

centarvodnoul (3) centarvodnoul (9) centarvodnoul (8) centarvodnoul (7) centarvodnoul (1)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар