Општина Центар плаќала милионски суми за бркање на птици и чување на спомениците од „Скопје 2014“

Од:

„Неверојатни 8.400.000 денари е вредноста на двата договори склучени во 2011-та и 2012-та година од страна на поранешното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Двете одбрани фирми, “ЛУПУС“ ДОО Скопје, која се врзуваше за името на екс-телохранителот на премиерот Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко и “МДН Обезбедување“ ДОО Скопје, биле регистрирани на иста адреса – ул. “Црниче“ бр. 20, но со различно име на фирма и различни сопственици.

Како што беше кажано на седницата за советнички прашања, за тие 135.685 евра се обезбедувале фонтани и спомен-обележја од проектот “Скопје 2014“.

88.000 денари месечно општина Центар плаќала за патролирање и надгледување на плоштадот “Македонија“. Според договорот, исто толку вреди и контролата на локациите “Парк Жена Борец“ и “Капошово востание“.

Пари биле обезбедувани и исплаќани дури и за споменици што, како што стои во договорот, дополнително ќе бидат поставени, како што се колонадата, мостот “Око“, спомен обележјата на Неџат Аголи, Димитрие Беровски, Христо Узунов, Павел Шатев, Јосиф Багери и други.

Средствата општината ги исплаќала се’ до отстапувањето на спомениците од “Скопје 2014“ во надлежност на Град Скопје.

“Ова е класичен пример како во општина Центар од претходното раководство се переа и незаконски се трошеа пари на граѓаните. Најверојатно, спомениците се добро чувани, не само од обезбедувачите, туку и од птиците“, рече Жерновски.

Инаку, како што општината веднаш алармираше, неколку илјади евра се плаќало за поставување специјални свирчиња за бркање на птици од спомениците, а за чистење на фонтаните биле ангажирани и двајца нуркачи со комплетна опрема.

На седницата за советнички прашања, советниците од двете коалиции се интересираа и поставија прашања од различни области за работењето на општината и градоначалникот, меѓу нив за одржување и рекнострукција на улици, училишта и градинки, зимското чистење, првите проекти реализирани како предлог на граѓаните, проектот “Центар се грижи за возрасните“, чуварските служби и легализација на дивоградби“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории